СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Следната генерација на Honor смартфони се враќа на услугите на Google

Пред извесно време, кинескиот гигант Huawei го продаде Honor, оставајќи го да расте самостојно и да може да тргува со американски компании, вклучувајќи го и Google.

Според влијателниот руски весник „Комерсант“, првите плодови од оваа зделка веќе даваат резултати и Honor веќе работи на нова серија паметни телефони кои ќе ги користат мобилните услуги на Google.

Откако се разделија од Huawei, телефоните на Honor првично ја користеа новата дигитална продавница AppGallery, која беше главен извор на апликации во последните 18 месеци. Ова неизбежно влијаеше на продажбата на телефоните на Honor во Европа и Русија, каде што според весникот, таа е втора по големина компанија за паметни телефони во 2020 година по Samsung.

Позитивната промена веројатно ќе влијае на претстојните модели на Honor X11 и Honor 40, по што компанијата ќе претстави нови модели со нови букви, прославувајќи ја својата независност и нов почеток.

Поврзани вести

Vision-S – првиот електричен автомобил на Sony (ВИДЕО)

msp-admin

Microsoft го менува фокусот на платформата Windows 10X на уреди со еден екран

msp-admin

Се подготвува нова конзола: Qualcomm влегува на гејминг пазарот

Влатко Зорба