Стандард
ТЕХНОЛОГИЈА

Словенечка паметна куќа за птици привлече инвестиција од 4,2 милиони евра

Паметната куќичка за птици наречена „Bird Buddy“, поддржана од претежно словенечки деловен тим, успешно ја заврши својата кампања на глобалната платформа за онлајн финансирање „Кикстартер“.

„Bird Buddy“ е досега најуспешниот словенечки проект на платформата „Кикстартер“ во однос на износот на собраните средства. Тие убедија 22.924 приврзаници, со чија помош собраа 4,19 милиони евра. Најуспешната словенечка кампања на платформата пред тоа беше електричниот велосипед „Flykly“, со кој неговите автори собраа нешто повеќе од 700.000 долари (570.000 евра), пренесува „Дело“.

На почетокот на кампањата, тимот на „Bird Buddy“ си постави цел од 50.000 евра и со 4,2 милиони евра тие се рангираа на 35-то место во историјата на „Кикстартер“ според собраната сума, според веб-страницата на проектот.

Основниот сет на паметната куќа за птици вклучува модерно дизајнирана куќа за птици со контејнер за храна за птици и модул што се одвојува, кој вклучува вградена мала видео камера со микрофон и сензор за движење.

Сензорот открива доаѓање на птица и го известува сопственикот на куќата за птици преку безжична врска и мобилна апликација. Тогаш корисникот може да ја користи апликацијата за да ја фотографира птицата додека е во птичјиот дом.

Користејќи технологии за вештачка интелигенција, апликацијата препознава и видови птици, му овозможува на корисникот да уредува и споделува фотографии од птици, а исто така нуди совети за соодветна храна за одредени видови птици.

Со вграден микрофон, го препознава видот на птицата и по нејзините звуци.

Поврзани вести

„Apple“ подготвува сопствен електричен автомобил

Никола Поповски

Студентите на УКИМ со можност за бесплатна едукација за сајбер хигиена

Влатко Зорба

Епл направи заштитна маска која штити од корона (ВИДЕО)

msp-admin
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!