СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Вибер со нова опција за оние кои не ги памтат своите обврски

Популарната апликација за бесплатна комуникација Вибер воведе нова опција во рамките на опцијата My Notes (Мои белешки), која им овозможува на корисниците да креираат потсетници за нивните обврски и други важни настани.

Опцијата се активира со долго притискање на која било белешка во полето Мои белешки и избирање на опцијата „Креирај потсетник“.

Следниот чекор е да ги изберете времето и датумот на потсетникот, како и дали потсетникот ќе се повторува. Кога сè е поставено, потсетникот ќе се појави на мобилниот телефон во зададеното време.

Корисниците, со новата опција, ќе имаат преглед на сите свои пораки и потсетници во рамките на истата апликација.

 

Поврзани вести

Session – апликација за комуникација со високо ниво на приватност, добра замена за WhatsApp

Влатко Зорба

Гугл плати 50 милиони евра поради кршење на приватноста

msp-admin

Genesis го сруши светскиот рекорд во симултана контрола на дронови (ВИДЕО)

Влатко Зорба