СТАНДАРД life
Здравје

3 најсилни антибиотици за кои не ви треба рецепт! Природата е најдобрата аптека

Плодовите на природата од памтивек се користат за зачувување на здравјето и помош при разни болести, а повеќето лекови на современата медицина се базираат токму на корените, лисјата, цветовите, плодовите и минералите кои не опкружуваат.

Зајакнете го вашиот имунитет со три од најмоќните природни антибиотици.

Масло од оригано

Ова магично масло се добива од листовите на растението оригано. Покрај мирисот и аромата кои совршено се комбинираат со многу јадења, бројни студии покажаа дека маслото од оригано е моќен борец против инфекции благодарение на состојката наречена карвакрол.

Многу мала доза од ова масло има антибактериски својства против дури 25 различни видови бактерии.

Дозирање: три пати на ден додадете една до четири капки во шолја чај или чаша цеден сок.

Лук

Се додава во оброците во форма на прав или ситно сецкан. Неговиот силен мирис го прави совршен зачин, а познато е дека ова е неговата сезона бидејќи е одличен природен антибиотик кој не ги уништува нашите здрави бактерии, како што тоа го прават хемиските антибиотици.

Неговата состојка алицин го забавува растот на бактериите и го спречува развојот на габите, па затоа е многу ефикасен како лек против настинка и грип.

Дозирање: две до четири лажици дневно како додаток на оброци или салати. Оние на кои не им пречи мирисот и вкусот, можат да го јадат сиров.

Лути пиперки

Лутите или чили пиперките уште од античко време ги препорачува кинеската алтернативна медицина како аналгетик за болки и како антибактериски агенс. Сушен, а најчесто мелен, поради својот вкус одлично оди со многу јадења и десерти, па затоа се користи главно како зачин.

Дозирање: пола кафена лажичка дневно како додаток на оброк.

Поврзани вести

Знаци кои откриваат дека на детето му е потребна помош од логопед

Urednik

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на витамин Д

Radmila Tasevska

Како да се ослободите од долниот дел на стомакот?

Urednik