СТАНДАРД life
Здравје

Дали е подобро да се јаде брзо или бавно? Експертите имаат корисни совети

Во последните години слушаме многу за повнимателното конзумирање храна. Јадете побавно, промислено и без да гледате телевизија или во било кој друг екран, што ќе влијае и на слабеењето.

Новата студија објавена во BMJ Open открива дека луѓето кои јадат полека имаат тенденција да имаат помала тежина. А забавувањето на брзината на јадењето со текот на годините се чинеше дека им помогнало да изгубат тежина.

Ако јадете брзо, не само што го отежнувате варењето, туку и натрупувате килограми. Истражувањата покажаа дека луѓето кои само брзо ја голтаат храната имаат поголема веројатност да се прејадат од оние кои јадат побавно. Треба да се има предвид дека варењето започнува во устата и дека храната треба добро да се џвака пред да се проголта.

Научниците веруваат дека брзото јадење го запира ослободувањето на хормоните кои му кажуваат на мозокот кога стомакот е полн. Ова сознание го поддржува веќе добро познатиот совет дека секој залак треба да се џвака најмалку 20 пати пред да се голтне.

Истражувачите ги разгледале податоците од 60.000 луѓе со дијабетес во период од шест години. На прегледите во текот на годините, тие биле прашани за нивните животни навики, како што се брзината на конзумирањето храна, употребата на алкохол и начинот на спиење. Тие, исто така, биле прашани дали имаат тенденција да вечераат во рок од два часа пред спиењето навечер и дали имаат ужина после појадокот и вечерата.

Шансите за дебелина беа поврзани со сите однесувања поврзани со храната. Брзината со која се јаде имала прилично значаен ефект.

Луѓето кои јаделе со нормална брзина имале 29 отсто помали шанси да бидат дебели од луѓето кои јаделе брзо, луѓето кои јаделе бавно имале 42 отсто помали шанси да бидат дебели. Интересно е тоа што луѓето кои ја забавиле брзината со која јадат за време на периодот на студијата, имале тенденција да губат тежина со текот на времето, мерено со БМИ и обемот на струкот.

Професорот Стивен Блум од Империјалниот колеџ во Лондон, кој го водел ова истражување, истакна дека за епидемијата на дебелина секако придонесува и тоа што денес луѓето обично јадат брзо дури и на својата трпеза.

„Брзото јадење, јадењето на работа, сето тоа придонесува за зголемен ризик од дебелина. Нема сомнеж дека ако јадеме побавно, имаме поголеми шанси да останеме витки“, тврди тој.

Поврзани вести

Напиток од само три состојки како инстант решение за болно грло

Radmila Tasevska

Ставете три резанки од лимон покрај креветот, резултатите ќе ве зачудат!?

Urednik

Храната може да ги олесни симптомите на менопаузата: засновајте ја вашата исхрана на овие намирници

Urednik