Диетата со палента или качамак е таква што само првиот ден гладувате, додека другите три дена постепено ја зголемувате порцијата и на тој начин го чистите организмот.
125 грама палента содржи 80 калории, 17 грама сложени јаглехидрати и само 1 грам масти.
Исклучително е здрава и пожелна во дневното мени. Кога не сте на диета, задолжително подгответе ја за појадок или вечера, а можете да ја послужите и како прилог со месо и зеленчук.
Диета со палента по ден – мени:
Ден 1
400 гр. палента, 1 краставица, 1 домат, 1 јаболко, 2 литри вода.
Ден 2
Дуплирајте го менито од првиот ден
Ден 3
400 гр палента, 300 гр зелена салата, 200 гр свежа зелка, 2 моркови, малку сок од лимон и 1 лажичка маслиново масло, 2 литри вода, 3 шолји зелен чај без шеќер.
Ден 4
Дуплирајте го менито од третиот ден.
Процесот на готвење палента
За да може качамакот да ви помогне да изгубите тежина, треба да го готвите без млеко, шеќер или путер.
Состојки:
* 50 гр палента
* 200 мл вода
* половина кафена лажичка маслиново масло
Подготовка:
Истурете 200 мл вода во тенџере и додадете многу малку сол.
Оставете да зоврие и потоа додадете ја палентата.
Гответе на тивко 15-20 минути.
Кога ќе се свари, додадете маслиново масло и измешајте.
На здравје!
Совет: Додека сте на диета со качамак, пијте многу вода и јадете мали порции кога ќе почувствувате глад