СТАНДАРД life
Здравје

Совети како до подобро здравје од Магистер по нутриционизам и советник за здрава храна

Здравата исхрана е еден од најважните фактори кои допринесува за одржувањe на благосостојбата и доброто здравје на организмот. Балансираната и здрава исхрана потребно е да биде наше секојдневие, со рационален внес на намирници, оптимална количина на хранливи состојки и разновидност во исхраната, вели во интервју за „Стандард лајф“, Емилија Спасовска Мојсовска – Магистер по нутриционизам и советник за здрава храна.

Работата како нутриционист, вели таа, е преку индивидуален пристап и изработка на персонализирани програми на исхрана со цел воспоставување здрав животен стил и здрави навики а со тоа да ја постигнеме посакуваната цел во однос на превенција, подобрување на здравствента состојба и третман кај хронично незаразни заболувања.

Во однос на се поголемиот број на луѓе кои се борат со вишокот килограми, Спасовска Мојсовска смета дека појдовната цел секогаш е колку што е можно побезболно да се вметнат здрави навики во секојдневието и тоа во рамки на она што е на накој начин вообичаено за нашето поднебје.

-Тоа значи, внес на доволно количество сезонско овошје, зеленчук, течности, голема слобода во рецептите за приготвување и сето тоа внимателно избалансирано и распределено во 3 главни оброци (доручек, ручек, вечера) со 2 ужинки, така што нема да се почувствува глад, ќе се конзумира вкусна храна а сепак ќе се постигне целта, истакнува таа.

Кој е првиот оброк што треба да го јадеме наутро? Некои велат „јади овошје наутро“, некои велат дека е важно да се јаде добро наутро. Сега сме збунети поради различните информации. Што според вас е добар појадок?

-Сите ние сме различни како по однос на моменталните здравствените параметри (возраст, тежина, акутни и хронични состојби, итн.) така имаме и различни навики, вкусови, дневни активности и сл.
Според тоа, тешко е да се даде универзален одговор на ова прашање но, можам да кажам дека добар појадок е оној кој пред се е избалансиран со доволен внес на макро и микро нутриенти и кој ќе допринесе за доволна енергија во текот на денот.

На пример овошјето во комбинација со некоја житарица и јаткасти плодови може да биде одлична препорака за појадок кој ќе ги задоволи дневните потреби.

Која е вашата препорака за добро дневно мени? Како се храните вие?

-Здравата исхрана е еден од најважните фактори кои допринесува за одржувањe на благосостојбата и доброто здравје на организмот. Балансираната и здрава исхрана потребно е да биде наше секојдневие, со рационален внес на намирници, оптимална количина на хранливи состојки и разновидност во исхраната.

Според тоа можам да кажам дека совршен ден на исхрана е со оптималниот внес на намирници распределен во главни обрци и меѓуоброци, соодвено растојание помеѓу оброците и доволната хидрација и внес на течности во текот на денот.

Јас во мојата дневна рутина ги практикувам сите оние препораки кои им ги давам на моите клиенти.

Денот вообичаено го почнувам со житарки (хељда, просо, кус-кус) во комбинација јогурт или овошје и јаткасти плодови.

Љубител сум сум на морска храна но и на традиционалните готвени македонски јадења (грав, мусака, леќа, итн) и салати. Од тоа се состои мојот ручек.

За вечера практикувам полесен оброк како на пример супа од зеленчуци или пак кисело млеко со семки од тиква, сончоглед и лен.

Секако покрај исхраната, практикувам и физичка активност 2-3 пати во неделата.

Дали е најдобро да се јаде протеински оброк навечер? 

-Протеините се хранливи материи во човековиот организам, тие се од големо значење и се неопходни за раст и регенерација на сите живи клетки. Имаат специфична функција во организмот и учествуваат во сите метаболички процеси. Единствено може да се внесат преку исхраната.

Главни извори се производите од животинско потекло: риба, зеленчук, овошје, легуминозни култури. Дневниот внес на протеини игра важна улога во одржување на клетките во добра форма поради што од голема важност е да се конзумираат секој ден во идеални количини.

Што се однесува до самата вечера, протеин може да се вклучи но, треба да се внимава на балансот на нутриентите во сите останати оброци во текот на целиот ден.

Емилија Спасовска Мојсовска
Емилија Спасовска Мојсовска

Со какви предрасуди и проблеми најчесто се среќавате како нутриционист и kои се најчестите клиенти на нутриционистите?

-Работата како нутриционист е преку индивидуален пристап и изработка на персонализирани програми на исхрана со цел воспоставување здрав животен стил и здрави навики а со тоа да ја постигнеме посакуваната цел во однос на превенција, подобрување на здравствента состојба и третман кај хронично незаразни заболувања(коморбидитети) како дијабет, висок крвен притисок, гојазност, анемија, липиден статус, проблеми со тироидна жлезда, хпв инфекции, хелико бактер во желудник како и достигнување и одржување на идеална телесна тежина кај лица од сите возрасти, истовремено и да ја подигнеме колективната свест за придобивките од здравиот начин на исхрана.

Ме радува нагорниот тренд на консултирање нутриционист во рамки на глобално подигната свест за потребата од здрав начин на живот. Со самото тоа можам да кажам дека и предрасудите со кои се среќаваме се минорни.

Диетите за детоксикација стануваат сè попопуларни, а нивните правила стануваат сè подостапни, иако обично не се напишани од експерти. Дали го претставувате концептот на детокс диета?

-Морам да нагласам, токму заради таа глобална популарност и достапност, дека секој програм за исхрана не само што не е соодветен за секој организам, туку потенцијално може да предизвика несакани последици по здравјето.

Од таа причина сакам да апелирам да не се посегнува по било каков програм за исхрана без претходна консултација со стручен нутриционист или лекар. Секој програм на исхрана, без разлика со каква цел се изготвува, е индивидуален и се изработува врз база на здравствена анамнеза со цел да одговара на состојбата и потребите на клиентот.

Сведоци сме дека се поголем број луѓе имаат проблеми со вишокот килограми. Кога работите со нив, на кои цели се фокусирате?

-Појдовната цел секогаш е колку што е можно побезболно да се вметнат здрави навики во секојдневието и тоа во рамки на она што е на накој начин вообичаено за нашето поднебје. Тоа значи, внес на доволно количество сезонско овошје, зеленчук, течности, голема слобода во рецептите за приготвување и сето тоа внимателно избалансирано и распределено во 3 главни оброци (доручек, ручек, вечера) со 2 ужинки, така што нема да се почувствува глад, ќе се конзумира вкусна храна а сепак ќе се постигне целта.

Р.Т.

Поврзани вести

Што се случува кога имате настинка која никако да помине и кои се можните причини?

Radmila Tasevska

Три несакани последици од прекумерното консумирање јајца

Radmila Tasevska

Спанаќ – зошто е корисен за телото?

Radmila Tasevska