Преку воспитувањето, многу родители веруваат дека со пофалбите ќе го зајакнат менталното здравје на своите деца, но експертите наведуваат дека честата грешка во давањето комплименти може да има сосема спротивен ефект.
Имено, д-р Сју Варма објаснила што можат да направат родителите за да одгледаат успешни и самоуверени личности. Таа нагласува дека е важно да ги препознаете достигнувањата на вашите деца, но додава дека многу родители прават грешка кога ги фалат особини како што се силата или изгледот на своите дете.
Како што наведува д-р Сју Варма, психијатар, наместо тоа, потребно е да се нагласи напорот што го вложува вашето дете за да постигне нешто.
„Често им кажуваме на децата дека се силни и дека изгледаат убаво, а тоа се фиксни особини. Треба да го нагласуваме нивниот труд. Тоа е она врз што имаат контрола“, рекла психијатарката д-р Варма.
Таа наведува дека родителите треба да го фалат секое достигнување што е резултат на учење и раст, а не она што дошло лесно или не барало никаков напор. Психијатарката наведува дека е клучно да им се покаже на децата дека успехот не лежи само во талентот, туку и во довербата во нивните способности.
„Многумина од нас велат дека не се добри во нешто, што не е вистина. Во повеќето работи можеме да бидеме добри ако вложиме доволно време. Личноста каква што станеме преку успесите и неуспесите нè подготвува за живот на сите нивоа“, изјави д-р Варма.
