Кардиохирургот Џереми Лондон дава шест совети што треба да направи ако некој почувствува дека доживува срцев удар, особено кога е сам дома.
Д-р Лондон рекол дека тоа е застрашувачка ситуација, но неколку брзи мерки можат да направат голема разлика.
Прво, треба веднаш да се јавите во службите за итни случаи, рече кардиохирургот. Тој додаде дека, освен ако вашиот лекар не ви препорачал поинаку и не сте алергични на аспирин, треба да џвакате една таблета (не да ја голтате цела). Сепак, треба да бидете внимателни со аспиринот – во случај на срцев удар, тој може да ги намали симптомите, но ако погрешно ја процените вашата состојба и не станува збор за срцев удар, може да ги влоши другите состојби.
Ако е ноќ, тој препорача да се вклучат сите светла внатре и надвор од куќата за да им се олесни на службите за итни случаи да ја пронајдат адресата. Исто така е важно да се отклучи или уште подобро да се отвори влезната врата за да може итната помош да влезе дури и ако лицето изгуби сила или свест.
Потоа, треба да седнете или легнете, за да не паднете во случај на губење на свеста и дополнително да ја повредите главата. И конечно, јавете се на пријател или член на семејството и останете на телефон со нив додека не пристигне брзата помош – на тој начин некој знае што се случува и може да реагира ако ситуацијата се влоши.
Кардиохирургот нагласи дека е тешко да се запомни сè во ваков момент, но дека дури и едно или две од овие работи буквално можат да спасат живот.
@drjeremylondon What to do if you are home alone and having a heart attack 🫀⚠️ #heartattack #hearthealth #emergency #doctor #fypシ ♬ original sound – Dr. Jeremy London, MD
