Некои истражувања покажуваат дека пиењето алкохол во умерени количини го прави срцето поздраво. Но, дали пиењето е опасно или добро за вашиот крвен притисок?
Лесно-умерено консумирање алкохол (до два пијалаци дневно за мажи, една за жени) покажа суптилен пад на крвниот притисок во некои случаи. Во мали количини, се покажа дека го намалува крвниот притисок за 2 до 4 mm Hg (милиметри жива) кај жените.
Возрасните постари од 50 години се изложени на многу поголем ризик од срцев и мозочен удар, па затоа е потребна дополнителна претпазливост.
Студиите покажаа зголемен ризик од рак на дојка кај жени под 50-годишна возраст поради консумирање алкохол, дури и во мали, умерени количини.
Едно холандско истражување покажа дека хранливите материи здрави за срцето (полифеноли) во црвеното вино помагаат во спречување на срцеви заболувања, но не и со намалување на крвниот притисок; полифенолите ги подобруваат клетките кои ги обложуваат крвните садови и го подобруваат протокот на крв и здравјето на срцето.
Едно истражување покажа дека три чаши безалкохолно црвено вино дневно во текот на еден месец доведоа до значителен пад на крвниот притисок кај мажите со фактори на ризик за срцеви заболувања. Истражувачите веруваат дека алкохолот во виното ја ослабува секоја придобивка од антиоксидансите за крвниот притисок, пренесува „Webmd“.