Слабостите на системот донесоа штета, но ние знаеме да се повлечеме. Порано имаше непотизам, но никој не се повлече. Порано се шепотеше, но сега сите зборуваат, рече премиерот Зоран Заев на дебата на МРТ.
„Не велам дека сме сјајна власт, но претходната власт беше 11 години, ние сме 2 ипол години на власт. Оваа власт имаше храброст да ги реши големите прашања, на крајот од денот се беше за економијата. Ако успееме во иднина и во делот на правосудството да направиме промени и тоа е економија. Граѓаните во вистинска правна држава се помотивирани. За две години и шест месеци направивме многу. Буџетот достигна до едно такво ниво каде што ММФ, кој секој пат бил критичен, сега има многу позитивни работи кои ги зборуваат на нас. Не ни беше лесно кога не исмејуваа со 36 денари повисоки пензии, сакав и јас да дадам и тогаш 700 денари повеќе. Дадовме стварно повисоки плати и во здравството. Професорите и наставниците стварно беа под просек, па затоа покачивме прво 5%, па уште 5%, па сега 10%. Се што трошат имаат данок, државата пак има добивка. Очекуваме над 80% реализација на капиталните инвестиции“, истакна Заев.
Во врска со најавите на вицепремиерот Кочо Анѓушев за повлекување од политиката, премиерот рече дека јавноста е многу критички е настроена кога бизнисмени влегуваат во политиката.
„Тој кажа зшто ја напушта владата, зошто бизнисите не му одат во посакуваната насока. Можеби од друга комора човек ќе дојде во следната влада. Ние ветивме дека потпретседател на владата ќе биде од бизнис коморите. Тој е целосно изземен при одлучувањето за литиумско-јонските батерии. Законот јасно рекол, ако имаме потенцијален судир на интереси, се иззема оној кој може да има конфликт на интереси. Треба да имаме литиумско-јонски батерии бидејќи светот се движи кон нив. И да не беше Анѓушев во владата ќе ја донесевме оваа одлука, вели Заев.
Според него, владата носи олдуки за економија на државата да биде поконкуренетна.
„Се работи за колектива одлука на влада, тој не одлучува. Не мора да биде присутен, можел да рече ова е мој интерес, ајде да донесеме одлука. Според антикорупциска ниеден професор и бизнисмен да учествува во владата, јас не се согласувам, треба секој да има можност да учествува во владата. Анѓушев има 50% загуби во фирмите“, нагласи премиерот.