СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев: Предлог до владата, државата да исплаќа минимални плати за април и мај за сите погодени од корона кризата

Имаме добра економска подлога да се справивме со економската криза од коронавирусот поради политиките преземени во последните 2,5 години, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Главна цел мора да ни биде да ја држиме јавната и приватната потрошувачка. Сите мерки од економскиот тим на СДСМ кој го предводам ќе ги доставиме до Владата. Прво, минимална плата за април и мај, за секој работник, во фирмите погодени од кризата, а фирмите сами да си ги платат придонесите и персоналниот данок, а државата да исплати минимална плата за секој работник. Половина од дејностите се погодени од кризата. Оние фирми кои се помалку опфатени нема да влезат во оваа мерка“, рече Заев.

Услови за ова ќе биде да немаат исплатено дивиденда и бонуси, а нема да се пресметува помошта за сите оние кои имаат пата над 39.900 денари, односно граничникот е една и пол просечна палта.

Фирмите кои ќе аплицираат мора да имаат ист број вработени како пред корона кризата. Ако отпуштиле вработени, ќе треба да ги вратат, па потоа да аплицираат.

Поврзани вести

До крајот на мај работниците ќе мора да го искористат стариот одмор

Берта Китинска

Деспотовски: Сакаме инвеститорите да ги реализираат своите планови и тоа да го направат побрзо и подинамично (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ЦГК: Расте бројот на нетранспарентни тендерски постапки при јавните набавки

Влатко Зорба