СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев: Администрацијата на минимална плата, освен полицијата, лекарите и армијата

Месечна плата во висина од 50% од просечната плата за работникот за граѓаните кои останале без работа поради кризата од коронавирусот е една од мерките кои денеска ги презентираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а кои ќе ги достави до владата, како предлог мерки од економскиот тим на СДСМ.

„Функционери и раководители на државно и локално ниво, пратеници, премиер, вицепремиери, судии и обвинители ќе земаат минимална плата за месеците април и мај. Вработените во јавниот сектор одат на минимална плата од 14.500 денари за април и мај“, истакна Заев.

Ова не се однесува на лекарите, полицијата и војниците. Подобро два месеци со минимална плата за сите отколу да нема за никој.

„Се покажа дека е оправдано што се качија платите на докторите“, рече Заев.

Поврзани вести

СДСМ: Концептот парите кај граѓаните дава резултати

msp-admin

Битиќи: Обезбедуваме поддршка за да ја задржиме ивент индустријата жива

Влатко Зорба

68.800.000 денари за КИП програмата на Владата во 2021 година

Влатко Зорба