СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

САД предупредуваат на пад на доларот следната година

Американската валута може да девалвира за една третина во 2021 година, предупреди претседателот на банката „Морган Стенли Азија“, Стивен Роуч и додаде дека ова може да доведе до нагло опаѓање на заштедите на домаќинствата и зголемување на државниот долг како резултат на успешно закрепнување по кризата на главните трговски партнери на САД, пренесе РТВ.

Роуч тврди дека ерата на „прекумерните привилегии“ на американскиот долар како главна резервна валута во светот ѝ се ближи крајот.

„Валутите воспоставуваат рамнотежа помеѓу внатрешната економска база на земјата и надворешната перцепција за нејзините јаки или слаби страни“, рече тој за „Блумберг“ и додаде дека рамнотежата во Соединетите држави се менува брзо, поради што може да се очекува пад на доларот во блиска иднина.

Тој потсетува дека од јануари до април индексот на доларот се зголеми за седум проценти, затоа што инвеститорите ширум светот ја гледаа американската валута како заштитено средство за време на кризата до коронавирусот.

Како резултат на тоа, сега, според проценките на Банката за меѓународни плаќања, вредноста на доларот е 33 проценти над минимумот од 2011 година, но веќе во 2021 година, тој лесно може да се врати на овие минимуми, губејќи 35 проценти.

Поврзани вести

БДП со пад од 12,7 отсто во второто тримесечје

Влатко Зорба

Прогноза на Европска банка: Македонскиот БДП ќе падне за 3,5 проценти, во 2021 се очекува раст од 5,5 проценти

АХВ: Затворени 48 угостителски објекти, 215 кафемати се забранети за употреба

Берта Китинска