20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Кризата ќе биде тука и наредниот април, без оглед кој ќе биде на власт

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата Топ тема на Телма истакна дека во време на пандемија кога се соочуваме со човечки жртви се непотребни обвинувања.

Но, и покрај тоа што вршиме јавни функции, ние сме луѓе, доблесни и треба да се сплотиме во решавањето на проблемите, поточно во битката со пандемијата. Кризата не дојде поради Фатмир Битиќи, Зоран Заев или Христијан Мицкоски, дојде во март, тука е денеска и ќе биде и наредниот април, без оглед кој ќе дојде, истакна Битиќи.

Тој нагласи дека падот на економијата во нашата земја во споредба со земјите од регионот и со државите од ЕУ покажува дека сме на средина.

Имаме раст од 17% од вториот во третиот квартал, рече Битиќи.

Тој додаде дека ние имаме пад од 3,3 проценти, а Франција од 3,9.

Денеска треба да видиме дали невработеноста е зголемена и дали се сочувани работни места зошто се сочувани и дали можевме и обезбедивме средства за и помогнеме на и онака кревката економија, потенцира Битиќи

Поврзани вести

Џамбазов: НЕ Е ТОЧНО дека „Брачна игра“ не вратила ниту денар на Еуростандард

Влатко Зорба

Речиси 78 милијарди американски долари изгубија 20-те најбогати луѓе во светот за само еден ден

Прометот на берза неделава скокна за над 287 отсто

Stefanija Kuzmanovska