СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

ДАЛИ КОРОНАТА ГО „УБИ“ ПЛАЌАЊЕТО СО ГОТОВИНА? Предности и недостатоци на безготовинското плаќање

Во Германија, сè повеќе луѓе користат безготовински начини на плаќање. Пандемијата само го забрза тој тренд. Експертите предупредуваат на можни ризици – особено кога станува збор за заштита на податоците.

Германски ланец за пекари (со најголем промет во земјата) се појави на насловните страници на медиумите на почетокот на јуни минатата година. Компанијата, чие седиште е во мал град во близина на Дизелдорф, им понуди на клиентите „попуст за иновации“ од три проценти за сите што плаќаат безготовински за леб или пецива.

Всушност, таа пекара само им „префрлаше“ попуст на клиентите, односно намалување на ДДВ (од 19 на 16 проценти) затоа што тоа беше една од корона- меркита, односно помошта на германските власти за економијата и граѓаните. Објаснувањето беше: плаќањето преку картичка или паметен телефон не само што е побрзо, туку е и хигиенски поприфатливо.

Кампањата на компанијата е само еден од многуте примери на начини на кои германските компании и продавници сакаат да ги охрабрат клиентите да „преминат“ на безготовински плаќања. И веќе некое време е во тренд, можеше да се забележи уште пред пандемијата.

Првата година во која е забележан поголем удел на луѓе кои користат картички при купување или плаќање во Германија отколку оние кои се решиле да платат во готово е 2018 година. Во изминатата година, продавниците реализираа 56% од својот промет преку безготовинско плаќање. Во споредба со другите европски земји тоа и не е толку многу, Германија е некаде на средина на скалата.

Во Луксембург, Франција или Естонија, луѓето плаќаат почесто со картичка. На самиот врв на скалата се скандинавските земји. Таму, многу хотели, барови или продавници воопшто не сакаат да прифаќаат плаќање со банкноти. Во Шведска, 82% од луѓето плаќаат безготовински.

Политичка цел – безготовинско плаќање

Низ целата Европска унија, електронската наплата се „рекламира“ како безбеден и брз начин на плаќање, односно како „хигиенска мерка“. На Европската комисија не и пречи фактот што воопшто нема докази дека монетите или банкнотите навистина претставуваат значителен ризик за ширење на вирусот.

Пандемијата покажа колку е практично безготовинското плаќање, тврдат од Брисел. И затоа ЕУ ќе продолжи да го поддржува безготовинскиот начин на плаќање и во иднина. Шефот на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, ги прогласи дигитализацијата и безготовинските начини на плаќање како врвни приоритети – веднаш по заштитата на климата.

Оливер Хомел е експерт за плаќање во „Acsentur“, една од најголемите консултантски фирми во светот. Овој економист е убеден дека трендот на користење на безготовински начини на плаќање во Европската унија ќе продолжи. Од една страна, „луѓето се навикнати на предностите“ на тој начин на плаќање, а од друга страна, „дури и пред корона-криза, неподготвеноста на продавачите да плаќаат со картички значително опадна“.

Политичката волја е таму, политиката сака и охрабрува промени во начинот на плаќање, а резултатите се гледаат во секојдневниот живот: благодарение на правилата на ЕУ, компаниите што нудат кредитни картички од 2015 година повеќе не можат да им наплатуваат на продавачите толку мног како во минатото. Затоа клиентите се помалку ги гледаат известувањата во продавницата дека плаќањето преку картичка е можно само од одредена сума.

Она што е предност за клиентите, за сопственикот на соседната пекара или слична мала продавница може да стане проблем. Префрлањето на безготовинско плаќање вклучува одредени трошоци. Компаниите кои сервисираат банкомати бараат од нив да плаќаат провизија од претежно 0,25 проценти од остварениот промет при плаќање со дебитна картичка, додека со кредитни картички таксата може да биде до три проценти. Големите дисконтни ланци или продавници можат да преговараат за поповолни услови или да успеат да преговараат за т.н. „flat-rate“.

Можни ризици

Што се однесува до клиентите, експертите првенствено гледаат проблеми со заштитата на податоците.

Оливер Хомел вели дека ова е особено точно за варијантите за плаќање со помош на паметен телефон, односно во оние ситуации кога PIN-от мора да биде внесен за време на процесот на плаќање. Ова е особено случај со таканаречената NFC комуникација. Оваа техника се користи главно за бесконтактно плаќање на мали количини.

Многу бензински пумпи или дисконтни продавници се опремени со такви уреди за безконтактно плаќање со картички, односно NFC читачи. А, за да ги поврзете мобилните телефони со уредот, потребно е да инсталирате една апликација. Колку е важен овој начин на плаќање во меѓувреме, може јасно да се види во Холандија. Плаќањето со NFC е особено популарно. Од 2019 година досега е извршен најголем број трансакции, повеќе од плаќања во готово, односно класични плаќања со картички.

За Оливер Хомел, сето ова не е целосно непроблематично, бидејќи „мобилните уреди не се целосно заштитени од хакерски напади“. Покрај тоа, тој забележува дека луѓето кои купуваат работи на тој начин, откриваат и каде ги купиле. И тие податоци за локацијата на апликацијата се проценуваат и складираат од некои апликации, од безбедносни причини.

Каде може да доведе сето ова? Хомел го објаснува ова со примерот на САД: „Таму, Google веќе има пристап до голема количина на податоци за кредитни картички и може да ги користи за управување со реклами за продавачи на лице место, исто така може да ги анализира, собира и на крај да ги продаде“.

Поврзани вести

Економски неразвиените земји и пред пандемијата беа во проблеми со долгови

Влатко Зорба

Ако сака да биде лидер, Европа мора да ја смени стратегијата кон Азија и САД

msp-admin

Kризата ќе биде само привремена, но ако се пролонгира, економските ефекти би биле посериозни

msp-admin