СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Шефот на Huawei сака да зборува со Бајден

Основачот и извршен директор на Huawei, Рен Женгфеи повика на ресетирање на односите меѓу неговата компанија и САД.

Според Си-Ен-Би-Си, Женгфеи изразил подготвеност да разговара со претседателот Бајден и изјавил дека се надева на поотворена политика на новата администрација.

„Јас би ги поздравил ваквите телефонски повици, а мојата порака е за заеднички развој и успех“, објасни Женгфеи, додавајќи дека САД сакаат економски раст, а исто така и Кина.

Тој смета дека американските компании би добиле повеќе можности за снабдување доколку се прошири производствениот капацитет на Huawei и дека тоа би било од заемна корист.

„Сè уште се надеваме дека можеме да купиме големи количини американски материјали, компоненти и опрема за сите да имаме корист од кинескиот раст“, ​​заклучува Женгфеи, додавајќи дека новата администрација ќе ги има предвид ваквите деловни интереси.

Потсетуваме дека Huawei во моментов не може да работи со американски компании затоа што администрацијата на Трамп го стави на црната листа на Министерството за трговија поради наводни стравувања за националната безбедност.

Поврзани вести

Вкупниот износ на третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“ за микро и мали претпријатија е 31 милиони евра

msp-admin

Официјално: Peugeot и Fiat се спојуваат

msp-admin

Се намалуваат ратите за кредитите од финансиските друштва и лизинг компаниите

msp-admin