Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2020 година се издадени 305 одобренија за градење, што е за 6.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 727 211 илјади денари, што е за 7.7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181 (59.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 37 (12.1 %) за објекти од нискоградба и 87 (28.6 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 305 објекти, на 192 (62.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 113 (37.1 %) објект инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 372 станови, со вкупна корисна површина од 32 203 м2.