СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Lidl ја регистрираше својата компанија во Македонија

Германскиот трговски синџир Lidl ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Една од најголемите компании во малопродажбата во светот во петокот ја регистрираше подружницата Лидл Северна Македонија ДООЕЛ со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, објави вчера Централен регистар, пренесе „Фактор“.

Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев. Според описот на нивните надлежности и ограничувања, Lidl планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

Поврзани вести

Нова ИКТ инвестиција од Чешка

Влатко Зорба

БДП со пад од 12,7 отсто во второто тримесечје

Влатко Зорба

„Некстсенс“ ќе одржува систем за зонско паркирање за скоро 700.000 евра

Влатко Зорба