СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Раст од 15,5 %: Вкупната вредност на извозот во јануари 2021 година изнесува 32,5 милијарди денари

Во услови на пандемија во јануари годинава остваривме поголем извоз од јануари 2020 кога во светот сѐ уште не беа на сила рестриктивните мерки за ублажување на последиците од КОВИД-19, сподели премиерот на РСМ, Зоран Заев.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2021 година, изнесува 32,5 милијарди денари и бележи пораст од 15,5 % во однос на истиот период од 2020 година.

Во јануари 2021 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

„Продолжува поддршката за сите дејности, како и за извозните компании. Покрај намалувањата и укинувањето на царинските стапки, на располагање е и финансиска поддршка преку основање Фонд за поддршка на извозни компании во висина од 10 милиони евра, кој ќе се воспостави преку Развојната банка на Северна Македонија. Се работи за евтини кредитни продукти за компании кои најголемиот дел од своето производство го извезуваат“, додава тој.

Поврзани вести

Исплатени 98,3 милиони денари субвенции на вкупно 4.207 земјоделци

msp-admin

Од утре во употреба новата жичница „Лајтнер“ во ски – центарот „Попова Шапка“

Влатко Зорба

Остануваат уште две недели до истекот на рокот за промена на податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства