СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

До Министерството за економија пристигнале 238 апликации за грантови за ресторани за свадби

Владата го разгледа и го усвои Извештајот за реализација на Програма за поддршка на угостителскиот сектор во Република Северна Македонија во рамките на економските пакети за поддршка за справување со последиците од КОВИД кризата која се реализираше во периодот ноември и декември 2020 година со буџет од 60.000.000,00 денари.

Според информацијата заклучно со 04.12.2020 година, до Министерството за економија преку платформата www.domasiedoma.gov.mk пристигнале вкупно 238 апликации за грантови за ресторани за свадби, од кои 133 ги исполнија условите од јавниот повик и беа искористени средства во износ од 55.740.000,00 денари.

Со оваа програма беа опфатени и игротеките со вкупен буџет од 153.000.000,00 денари. На јавниот повик за поддршка на игротеките пристигнаа вкупно 119 од кои 81 ги исполнија условите и беа искористени средства во износ од 13.710.000,00 денари.

Поврзани вести

Пауновски: Кафеани во Чаир и Тетово, работaт по 22 часот и служат гости во затворен простор

Scalefocus отвара нови модерни канцеларии во строгиот центар на Скопје

МФ ќе ги усогласува стандардите на ЕУ околу штетноста на хартијата на фискалните сметки