СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Угостителите да не ги отпуштаат работниците, ќе добијат помош во форма на грант

„Веќе подготвуваме соодветни мерки за да им излеземе во пресрет на угостителите. Јас го поздравувам денешното соопштение на Синдикатот за да ги повика работниците да не ги потпишуваат бланко-спогодбените договори за отпуштање од работа“, вели министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во дневникот на ТВ Сител.

Бектеши порача угостителите да не ги отпуштаат работниците и да причекаат до почетокот на наредната недела, за да можат да ги усвојат законите од петтиот сет мерки, во кои се предвидува исплата на плати за работниците.

„Ќе има дополнителна помош во форма на субвенција или грант што се однесува за поддршка на угостителите и секторот туризам, вклучувајќи ги и хотелските објекти во нашата држава. Веќе е направен моделот за начинот на кој ќе бидат поддржани, ќе се земат во предвид првите месеци од 2021-та година согласно приходите што тие ги имале и еден дел од тие приходи ќе ги покрие државата во форма на грантови кои ќе бидат неповратни средства. Се очекува наредната недела да ги објавиме мерките“, рече Бектеши.

Поврзани вести

Објавена Mапа на вработеност на Западен Балкан

Влатко Зорба

Доларот зајакна, инвеститорите очекуваат да трае неизвесноста

Stefanija Kuzmanovska

Арсовска: Реформи за намалување на парафискалните давачки

Влатко Зорба