Меѓународната ИТ компанија, Scalefocus која неодамна официјално го објави својот план за проширување со 300 нови инженери во Македонија, од пред неколку дена се “вдоми” во нови ултра-модерни канцеларии во строгиот центар на Скопје.
Канцелариите со поглед на скопскиот плоштад, распространети на 1000 м2, се наоѓаат во деловниот комплекс “Настел бизнис центар” и нудат ентериерни решенија препознатливи за сите канцеларии на Scalefocus насекаде низ светот – дизајнирани да ги задоволат и потребите на инженерите на новото време, но и специфичните барања за определени сензитивни проекти и клиенти.
“Нашиот нов дом во Скопје е создаден да овозможува дополнителен импулс во креативната работа на нашите луѓе” – вели Горан Стојановски, одговорно техничко лице во Scalefocus и додава “Заедничкиот простор за одмор и дружење за нас е подеднакво важен како и работниот, бидејќи тимскиот дух е во основата на нашата компаниска култура за создавање на големи проекти и споделување на знаење”.
Scalefocus работи со некои од најголемите компании и организации во светот, на проекти што понекогаш бараат посебни безбедносни протоколи поради сензитивноста на работата и токму затоа во новиот компаниски простор се предвидени и посебни “Security rooms”.
“Безбедните соби овозможуваат целосно безбеден развој на софтверски решенија и услуги, со јасни протоколи за влез, излез и дистрибуција на информации и луѓе“ – завршува Стојановски.
Покрај во Скопје, Scalefocus свои канцеларии за развој има и во Софија, Пловдив, Варна и Бургас.