Во жирито во „Ѕвезда Гранда“ оваа сезона членува и српската пејачка Марија Шерифовиќ.
На почетокот на снимањето на 17-тата сезона од натпреварувањето, таа изјави дека нејзиниот однос кон кандидатите нема да се промени во однос на претходните сезони.
– Се трудам да бидам објективна. И колку стареам, толку станувам се потешка и потешка. Музиката засекогаш ќе биде број еден, тоа е некоја основа. Во принцип, уморна сум од сето она што го слушаме и сето она на што обрнувате внимание. Ме ужаснува, не е здраво и ќе стојам на моите ставови кога е во прашање оваа емисија и музиката ќе биде најважна – изјави Марија во разговор со новинарите пред почетокот на снимањето на емисијата.
Таа имаше остра порака до кандидатите кои не знаат да пеат.
– Ќе бидам своја и мислам дека тоа е најважно. Некогаш и ние велиме „нека помине“. Па што ако не знае? Оди човече, прави нешто друго, вработи се во пекара, престани да пееш и да не малтретираш, кој и да е. Во оваа земја сите сакаат да пеат, тоа ми е неверојатно. Не знам дали е ДНК или некоја грешка во кодот, појма немам – заврши Марија.