СТАНДАРД life
Фото: stevepb / Pixabay
Храна

Девет намирници што можете да ги јадете во големи количини без страв дека ќе се здебелите

Броењето калории и мерењето на порциите може да го направи губењето на тежината вистински предизвик. Сепак, одредени намирници се толку заситувачки и природно нискокалорични што зголемувањето на телесната тежина од нив е практично невозможно.

Според експертите од „Gravity Transformation – Loss“, постои цела низа намирници со кои е исклучително тешко да се прејадете. Тие брзо истакнуваат дека „речиси невозможно“ не значи дека имате слобода бесконечно да се прејадувате, бидејќи прејадувањето со која било храна сепак може да предизвика проблеми.

Придржувањето кон балансирана исхрана и редовната физичка активност е сè уште од клучно значење.

Јајца

Јајцата се исклучително богати со протеини, што ги прави неверојатно заситувачки оброк. Плус, протеините што ги содржат јајцата го забрзуваат вашиот метаболизам.

Ова значи дека не ги апсорбирате целосно сите калории од јајцето, бидејќи голем дел од него се согорува во текот на процесот на варење. Меѓутоа, ако правите омлет полн со додатоци, резултатот може да биде различен.

Лосос

Експертите препорачуваат да се избегнува одгледуван лосос бидејќи содржи значително повеќе масти од диво уловен лосос.

Експертите за слабеење сугерираат дека диво уловениот лосос е всушност одличен за регулирање на тежината бидејќи е богат со протеини, многу заситувачки и има половина од мастите од одгледуваниот лосос.

Салса

Салсата е еден од сосовите со најниска калорична вредност. Според „Хелтлајн“, типична порција салса е околу две лажици и содржи помалку од 10 калории во просек.

Значи, можете да го додадете обилно во вашите омилени јадења без да се грижите за контрола на порциите. Халапењо пиперките, кои содржат компонента наречена капсаицин, исто така можат да ја зголемат способноста на вашето тело да согорува масти, што помага во слабеењето.

Кисели краставички

Киселите краставички се одлични за јадење во големи количини бидејќи природно содржат ниско ниво на масти и калории, што ги прави паметен избор за секој што внимава на фигурата.

Тие исто така обезбедуваат мали, но вредни количини на есенцијални витамини и минерали. Сепак, треба да внимавате, бидејќи се богати со натриум.

Ако сте некој што не јаде многу преработена храна, брза или готова храна или ако генерално јадете намирници со малку сол, тогаш консумирањето кисели краставички секојдневно може да биде во ред.

Пилешки гради

Пилешкото месо е главен извор на посни протеини, содржи висок процент на протеини по порција, а има ниска содржина на масти, што го прави основна состојка во многу здрави диети.

Како што пишува „Хелтлајн“, порција пилешки гради од 100 грама има 165 калории, 31 грам протеини и 3,6 грама масти. Ова значи дека приближно 80 отсто од калориите во пилешките гради доаѓаат од протеини, а 20 отсто од масти.

Лубеница

Лубеницата е составена главно од вода (91 отсто) и јаглехидрати (7,6 отсто). Таа речиси и не содржи протеини или масти и има мошне малку калории. Според експертите, 100 грама лубеница има само 30 калории.

Печурки

Печурките се на листата на храна што можете да ја јадете без страв од зголемување на телесната тежина. Тоа е затоа што се нискокалорични, а богати со витамини и хранливи материи.

Пиперка

Исто како печурките, пиперките се нискокалорични и полни со хранливи материи кои го поддржуваат вашиот метаболизам и имунолошки систем. Една пиперка со средна големина (околу 120 грама) има само 30 до 40 калории.

Пиперките, благодарение на нивната содржина на влакна и вода, помагаат во поттикнувањето на чувството на ситост. Тие додаваат волумен на оброците без значително зголемување на калориите, што ги прави совршени за оброци со голем волумен и нискокалорична вредност.

Пуканки

Пуканките се изненадувачки одлична нискокалорична ужина. Пуканките не само што обезбедуваат влакна, туку содржат и антиоксиданти кои ја поддржуваат циркулацијата и го помагаат варењето на храната.

Сепак, пуканките за во кино се многу различни од домашните пуканки. Кутија пуканки во кино може да содржи до 1.090 калории и 2.650 милиграми натриум. Сепак, кога се прават дома без додатоци и многу сол и лесно се зачинуваат, пуканките се ефикасна и здрава ужина.

Поврзани вести

Солени палачинки со печурки и туна

Urednik

Киш со праз: Вкусно зимско јадење

Urednik

Посни кифлички: на целото семејство ќе им се допаднат на првиот залак

Urednik