СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Зошто Источна Европа не се плаши од забавувањето на економијата во еврозоната?

Земјите од Источна Европа не се загрижени дека ќе се намали економскиот раст на нивните најголеми трговски партнери, пишува „Блумберг“.

Благодарение на зголемувањето на платите, зголемувањето на потрошувачката и инвестициите, како и просторот за поддршка на растот преку јавната потрошувачка, политичарите и економистите од поранешните комунистички земји, вклучително и Романија и Унгарија, сметаат дека врските со Европските земји на запад не се единствените што ќе им помогнат да растат побрзо, отколку еврозоната.

„Начинот на кој го подготвивме буџетот за 2020 година со поголем фокус на инвестициите ни помага да бидеме уверени дека нема да бидеме погодени“, вели романскиот министер за финансии Флорин Киту. „Не сум загрижен за забавување на економијата“.

Довербата е поддржана и од предвидувањата на Меѓународниот монетарен фонд. Иако во својот последен извештај ги намали прогнозите за раст во еврозоната, институцијата ги зголеми оние, на земјите во развој.

Источните земји го надминуваат Западот со години откако поранешните комунистички земји ги искористија странските инвестиции за да ја зголемат нивната продуктивност, додека остануваат извор на евтина работна сила за западните гиганти.

Сепак, оваа динамика започна да се менува бидејќи двоцифрениот раст на платите од балтичкиот регион до Балканот ги поддржува потрошувачката, даночните приходи и инвестициите.

Во Унгарија, владата на премиерот Виктор Орбан се потпира на ветувања од приватни компании за инвестиции од повеќе од 10 милијарди евра, според Габор Гион, министер за финансии.

Иако не даде детали, владата планира и нов пакет за фискален стимул насочен пред се кон деловните активности во вториот квартал од годината.

„Инвестицијата е многу голема. Веруваме дека можеме да одржиме ниво на инвестиција од 25% од економијата, па дури и повеќе“.

Во Северна Македонија, поранешна југословенска република која целосно ја смени својата економија во поглед на Европската унија, 48% од извозот оди во Германија. Застојот се чувствува, откако кабинетот ја намали својата прогноза за раст во 2020 година. Сепак, таа вели дека економијата ќе забележи 3,8% раст оваа година.

Сепак, ММФ предупредува дека Источна Европа сè уште останува делумно зависна од големите ланци на производство на Западот. И ако застојот во еврозоната се засили, ефектот ќе стане поизразен. Во време кога централните банки во повеќето земји ги намалуваат каматните стапки за да забележат пониски падови, владите треба да дојдат до израз и да го поддржат растот преку трошење.

Поврзани вести

Цените на храната растат побрзо од приходите

Влатко Зорба

Најголемата дебата на Вол Стрит во моментов: Купување биткоин наместо злато

Берта Китинска

Кина нема економски оружја против САД

msp-admin