СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

10 навики кои откриваат дека сте пораснале во сиромашно семејство

За жал, не сите луѓе можат да го наречат своето детство среќно.

Некои од нив имаат проблеми со семејството, други – со своите врсници или со пари.

И дури и ако финансиските потешкотии на нивните родители траат кратко, сеќавањето на тие времиња остануваат засекогаш.

Од „Bright Side“ посочуваат кои навики, свесни или не, откриваат дека едно лице пораснало во сиромашно семејство.

Грижи за храна

Постојаните грижи за храна се едни од обележјата на проблемите со парите на едно семејство. Како резултат, луѓето кои растат во таква средина се борат со прекумерна тежина, фрлање храна или нездрава исхрана.

Без дополнителни набавки

Луѓето кои пораснале во сиромашни семејства честопати се подложени на голем стрес кога прават набавки што не се директно поврзани со нивниот опстанок. Честопати станува збор за луѓе кои го применуваат правилото за одложено купување, според кое треба да почекате неколку дена пред да купите нешто, за да процените дали сè уште го сакате тоа.

Работа за „ситно“

Ирационалниот страв од губење на работа е типичен за луѓето кои уште од детството знаат дека не можат да преживеат без стабилен приход, без разлика колку е мал.

Верување во чуда

Луѓето кои никогаш немале проблем со парите, коцкањето и игрите на среќа ги третираат како забава. Се разбира, тие се исто така задоволни од профитот и разочарани од неуспесите. Но, само оние на кои навистина им требале пари ја разбираат разликата помеѓу страста и надежта за чудо.

Направи сам

Можете да препознаете лице кое пораснало во сиромаштија според тоа колку различни работи може да направи самостојно. Замена на брави, поправка на чешми, ремонти, шишање дома и пред огледало. И дури и ако не страдате од недостаток на пари во сегашниот живот, овие навики не исчезнуваат.

Ништо во ѓубре

Луѓето кои ја знаат вредноста на парите ретко фрлаат нешто и се обидуваат да го продолжат животот на предметите на кој било можен начин. Ако нивната облека повеќе не е погодна за носење надвор, може да се претвори во домашна облека. Потоа се сечат и се прават крпи за чистење. И крпите можат да се претворат во ленти за правење други предмети.

Трошење време наместо пари

Едно од обележјата на сиромаштијата е тоа што веруваме дека парите се повредни од времето. Како резултат, луѓето мрзнат на автобуска станица наместо да повикат такси, минуваат часови во потрага по ефтини производи, акции и попусти, како и цели викенди во кујната, обидувајќи се да заштедат пари.

Плаќање на рати

Стравот од иднината ги тера луѓето кои имаат можност да ја платат целата сума одеднаш, да изберат одложена исплата или заем. Дури и ако на крај потрошат повеќе, сумата поделена на неколку делови изгледа помалку страшна од целосната цена на производот или услугата.

Само-лекување

Луѓето кои живеат во сиромаштија веруваат дека нивното здравје е помалку вреден ресурс од парите. Тие често имаат проблеми со забите затоа што психолошки не се во состојба да потрошат „толку пари“ за стоматолог.

Без скапи подароци

Очекувате непријатно изненадување во секоја ситуација, секогаш сте на штрек и не верувате на никого – тоа се навики формирани од лошо минато. Ова вклучува апсолутна невозможност за прифаќање на подароци, особено скапи.

Поврзани вести

Ги запознаваме ретките болести: Нунан синдром

Влатко Зорба

4 добри начини да одбиете работна задача или барање на клиент

Влатко Зорба

Германија инвестира 6 милијарди евра во енергетската ефикасност на зградите

Влатко Зорба