СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Бил и Мелинда Гејтс ќе ги разведуваат адвокатите кои ги разведоа и Џеф и Мекензи Безос

Двајца адвокати од спротивните страни во бракоразводната парница на Бил и Мелинда Гејтс, исто така ги застапуваа спротивставените страни во разводот на Џеф Безос, основачот на „Амазон“ и неговата поранешна сопруга Мекензи Скот во 2019 година.

Тед Билби, еден од клучните адвокати на Бил Гејтс во овој случај, ја застапуваше Мекензи Скот за време на разводот со Безос, додека адвокатот Шери Андерсон, кој е во тимот што ја застапува Мелинда Гејтс, претходно го застапуваше Безос, пренесе Си-Ен-Ен.

Но, тоа не е сè што е заедничко за овие два разводи, бидејќи износите како влог во двата случаи се зачудувачки.

Бил Гејтс е на четвртото место како најбогат човек на светот според листата на американскиот магазин „Форбс“, бидејќи неговото нето богатство се проценува на 130 милијарди долари.

Безос, и покрај тоа што изгуби дел од своето богатство поради разводот, неодамна се врати на врвот на листата и се проценува дека е „тежок“ 194 милијарди долари.

Во меѓувреме, Мекензи Скот сега е на 21-то место, со нето богатство од 59 милијарди долари.

Исто така, се чини дека споменатите двајца адвокати ја делат истата адреса на нивните канцеларии во Вашингтон, судејќи според податоците од нивните веб-страници, иако никаде не се споменуваат како партнери или се споменуваат имиња на други адвокати.

Поврзани вести

Куче наследи 5 милиони долари

Влатко Зорба

Јапонска авиокомпанија ја претвора флотата во ресторани: Не летаат, но служат луксузни јадења

Влатко Зорба

10 знаци кои покажуваат дека сте лидер

Влатко Зорба