СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Италијанската мафија започна да ги презема малите бизниси

Италијанските мафијаши силно ја зголемија кредитната активност за малите компании кои се бореа да ги затворат економските активности за време на првиот бран на коронавирус, се вели во извештајот на италијанската канцеларија за сузбивање на организиран криминал.

Според Фајненшл тајмс, „пријателската рака на соработка“ подоцна ги чинела претприемачите, кои – соочени со неможноста да го отплатат долгот – да ја предадат сопственоста на компанијата на криминалците.

Значителен ризик

Извештајот на Дирекцијата за истрага против мафијата (ДИА) посочува дека постои значителен ризик организираниот криминал да ја искористи економската криза во земјата предизвикана од пандемијата на коронавирус за да заземе значителен број на мали бизниси на кои претходно им обезбедил финансиска помош.

Мафијашките групи „им нудат на компаниите кои имаат потешкотии форма на социјална помош како алтернатива на институциите од јавниот и приватниот сектор, но потоа усвојуваат традиционални методи на заплашување со цел да ја преземат контролата над нивните економски активности“, се вели во извештајот.

Извештајот го опфаќа периодот од јануари до јуни минатата година. Антимафијашката канцеларија смета дека постои ризик бизнисот на некои мали и средни италијански компании да биде „проголтан“ од криминалци на среден рок, што ќе ги направи инструмент за перење пари.

„Корона модус операнди“ на криминалните групи е резултат на фактот дека пандемиската криза негативно се одрази врз „бизнисот“ на мафијата. Имено, затворањето во март минатата година ја намали традиционалната криминална активност. Поради строгите епидемиолошки ограничувања на движењето, има намалување на трговијата со украдени добра, фалсификување и грабежи.

Сепак, бројот на случаи на пожари во згради – индикатори за можно изнудување или обиди за наплата на лажна штета од осигурување – остана релативно стабилен во споредба со истиот период во 2019 година. Извештајот предупредува и на веројатноста организираниот криминал да се обиде да добие пари наменети за закрепнување на економијата.

Да потсетиме, новата влада на Марио Драги започна со работа на економски план што вклучува инвестирање на повеќе од 200 милијарди евра европски пари за закрепнување.

Три главни групи

КОВИД-19 однесе повеќе од 95.000 животи во Италија и ја предизвика најтешката економска криза од крајот на Втората светска војна. Полугодишниот извештај на ДИА се фокусира на трите главни италијански мафијашки групи – калабриската ‘Ндрангета, сицилијанската Коза Ностра и неаполската Камора.

Извештајот посочува дека „Ндрангета – најсилната и најбогата група во тројката поради вмешаност во меѓународен шверц на дрога од Јужна Америка во Европа – претрпе благ пад на моќта минатата година поради големите истраги и постепеното зголемување на полициските информатори внатре во семејствата“.

Во извештајот се наведува и дека италијанските власти излегле со докази дека њујоршкото мафијашко семејство Гамбино се обидува да ги врати историските врски со Коза Ностра.

Поврзани вести

Најмладите со „Ретка песна“ за поддршка на РЕТКИТЕ

Влатко Зорба

10 знаци кои покажуваат СТРАСTНА ЖЕНА – и во бизнисот, и во животот

Влатко Зорба

Nike направи патики кои се облекуваат без раце (ВИДЕО)

Влатко Зорба