СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Како поранешен затвореник успеа да продаде компанија за 275 милиони долари?

Како претприемач, навикнати сте на балансирање на многу задачи и справување во тешки услови.

На крајот на краиштата, се навикнувате да преживувате во свет на организиран хаос. За вас, привремените пречки се само дел од процесот, но што ако една од тие пречки е 15-годишна затворска казна?

Дали може да го задржите истиот ентузијазам што ве турка напред сега?

Запознајте го Дејв Дал, основач на „Dave’s Killer Bread“. Според него, тој страда од ниско самопочитување и до 2001 година донел низа лоши одлуки во неговиот живот.

Откако издржа 15-годишна казна за поседување дрога, разбојништво и напад, тој се врати дома во 2001 година за да работи во семејната пекара, основана од неговиот татко и управувана од неговиот брат. Дал и неговиот брат се обидуваат да направат подобар леб со надеж дека ќе го променат животот на луѓето.

Ако го свртиме часовникот напред кон 2015 година, „Flowers Foods“ се согласува да го купи „Dave’s Killer Bread“ за 275 милиони долари, пишува „Entrepreneur“.

Еве пет работи што Дал ги прави за да ја донесе својата компанија од локалните фармерски пазари до глобалниот пазар.

1. Си простува

Приказната на Дејв е една од оние за втора шанса, поточно за повеќе шанси. Пред да се обедини со неговиот брат и да се приклучи на семејниот бизнис, тој помина четири години во затвор. Лекцијата од минатото е дека колку пати и да си згрешил, секогаш постои можност да се започне одново.

Можеби не успеавте вчера, но тоа не значи дека треба да го носите тој товар денес. Смирете се со фактот дека повеќето луѓе нема да ги помнат вашите грешки. Дали сакате да знаете зошто? Тие се премногу зафатени со грижи за сопствените грешки.

2. Никогаш не се движи по текот

Една од најголемите причини за тоа „Dave’s Killer Bread“ да биде таов хит е тоа што другите производители на леб едноставно не се толку иновативни. Дискутабилно е дали неговите состојки без ГМО се подобри, бидејќи, генерално гледано, сè што Дал прави е да додаде повеќе цели зрна и уникатни додатоци, во споредба со она што го нудат другите производители.

Големите играчи едноставно престануваат да бидат креативни. Најголемата грешка што можете да ја направите како претприемач е да одите по текот.

3. Ја одржува својата мотивација

Одлични идеи доаѓаат кога работите на нешто што го правите со страст. Американскиот автор Габи Бернштајн вели: „Нека твојата страст стане твоја цел и еден ден ќе стане и твоја професија“.

Страста на Дал му помага да ја пополни таа дупка во неговиот живот. Тој сакаше да пече природен интегрален леб со богата текстура во која луѓето ќе бидат за заљубени. Страста ви дава мотивација, насока и цел во животот.

4. Презема скок во непознатото

Еден од најголемите предизвици со кои се соочува компанијата на Дејв е преселбата во нова фабрика што го чини неговиот брат Глен 1,5 милиони долари. Ова е огромен ризик за нив, знаејќи дека немаат проток на готовина за да ја покријат таквата набавка, откако сето тоа е засновано врз идните очекувања.

На крајот, тие пријавија значителен раст во бизнисот, дури и проширувајќи го своето работење и ангажирајќи повеќе вработени. Напорната работа, посветеноста, истрајноста и постојаното фокусирање на неговата цел, му помагаат на Дејв да го преземе тој ризик.

Ќе има моменти во вашето претприемачко патување кога ќе бидете принудени да постапувате надвор од вашата зона на удобност. На крајот, ќе научите како да постапувате со свиткан стомак и ова ќе стане нормално.

5. Тој ја игра улогата на луд научник

Дејв експериментираше со различни видови леб и безброј состојки. Тој истражува што е модерно, а што не. Не се плаши да го пласира својот производ на пазарот за да добие повратна информација.

Дал знаеше дека некои од неговите идеи ќе пропаднат. Тој исто така знаеше дека некои од неговите идеи ќе бидат хит. Клиентите постојано прашувале за неговиот леб, а тоа се проширило толку брзо од уста што неговиот производ стана познат.

Вашите деловни идеи нема да успеат ако размислувате за нив цел ден. Мора да излезете, да експериментирате и да ги имплементирате вашите идеи, без оглед колку лудо изгледаат тие.

Дејв Дал не е роден претприемач. Тој има многу потешкотии во почетната фаза од својот живот и долго време имал менталитет на жртва. Сепак, Dave’s Killer Bread е совршен пример за тоа како трагедијата може да се претвори во триумф.

За Дал не е доцна, дури и по 15 години затвор, што значи дека не е доцна за многу други луѓе да ги користат овие пет стратегии и да започнат успешен бизнис.

Поврзани вести

Со штедење до нов стан за 3 години преку овој „едноставен“ трик

Влатко Зорба

Светскиот туризам „пократок“ за 1,3 ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ

Влатко Зорба

СЗО: Google и Apple не се вклучени во процесот на создавање дигитални пасоши за вакцинација

Влатко Зорба