Стандард
БИЗЛАЈФ

Земја која оданочува сè: од биткоин до крави од Алпите

Данокот на богатство во Швајцарија е редок пример од реалниот свет за тоа како може да функционираат трошоците за имот, а ваквите идеи дури сега почнаа да добиваат важност и во другите делови на планетата, поради корона-кризата. Во Аргентина, на пример, „данокот на милионери“ веќе е во сила.

Оваа мерка ги принудува жителите на една од најбогатите земји во светот да ја пресметаат вредноста на нивните инвестиции, недвижнини, автомобили, ликовна уметност, биткоин, па дури и пчели и крави. Добро читате, сè е важно и никој не е поштеден.

Потоа, владите на швајцарските кантони го намалуваат процентот, во однос на количината на богатство и на самиот кантон. Швајцарија може да се пофали со ефикасна даночна политика, додека некои други земји, среде ковид, стануваат жртви на растот на јавниот долг.

Тие последици најмногу ги чувствуваат сиромашните. И даноците за богатство се дискутираат од Калифорнија до Велика Британија, иако се споменува дека Вашингтон е се поблизу до воведување на тој закон.

Ова ќе го намали јавниот долг на земјата и ќе се справи со многу социјални нееднаквости. Американската сенаторка Елизабет Ворен, како и други, се поборници на идејата.

Критиките се движат од ставот дека е погрешно да се насочуваат активите акумулирани од приходите што веќе биле оданочени, до попрактични прашања за тоа како правилно да управувате со таквите даноци.

Сепак, се чини дека на Швајцарците не им пречи толку многу. Стефан Кауфман, земјоделец од кантонот Цирих, таквата политика ја опишува како добар швајцарски компромис. Тој вели дека „данокот на богатство не боли“.

На последниот ден од секоја година, Кауфман – кој во градскиот законодавен дом ја претставува националистичката Швајцарска народна партија – ги брои своите говеда и со остатокот од имотот го внесува бројот во даночната пријава.

Неговите 50 бика, по правило, вредат околу 2.000 франци (2.239 американски долари). Две магариња се по 500 франци по хартија. Швајцарија е меѓу ретките земји кои практикуваат годишен данок на богатство.

Бројот на земји од ОЕЦД што го наметнаа падна на четири во 2017 година од 12 во 1990 година. Короната сега го охрабри оживувањето на таа идеја.

Германските социјалдемократи го поздравуваат данокот на богатство. Сепак, постојат големи шанси земјите, како Аргентина, да го воведат овој данок само како еднократна мерка.

Поврзани вести

Во Сингапур се гради паметен град со 42.000 станови

Влатко Зорба

Инстаграм откри како да заработите повеќе пари: Посочи точен број на „сториња“, објави и видеа

Влатко Зорба

Саудиска Арабија гради град со нула јаглерод (ВИДЕО)

Влатко Зорба
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!