СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

57 проценти од луѓето во земјава не можат да си дозволат годишен одмор

Околу 29 проценти од жителите на земјите членки на ЕУ на возраст над 16 години не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од својот дом во 2019 година, покажуваат податоците на Евростат.

Кај нас во 2018 година, за кога последно има податоци на Евростат, 57,5 проценти од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор. Овој процент е намален за 16 процетни во однос на 2010 година, кога 74,2 проценти од граѓаните не можеле да си дозволат еднонеделен одмор.

Во Европа, исто така, овој процент од 2010 година полека се намалува, кога 39 отсто од Европејците не можеле да си дозволат одмор.

Меѓу земјите членки на ЕУ Романија има највисок процент – 54 отсто од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор минатата година, по што следат жителите на Грција – 49 процетни, Хрватска – 48, Кипар – 45 и Италија – 44 проценти.

На другиот крај од скалата, само 10 проценти од жителите на Шведска не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор, по што следат Данска и Луксембург – 11 отсто, Финска – 12, Германија и Австрија – по 13 проценти.

Споредено со 2010 година, процентот на луѓе кои не може да си дозволат еднонеделен одмор надвор од својот дома секоја година бележи намалување во сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Италија и Грција, каде е регистрирано зголемување од 4 и 3 проценти. Најголемо намалување е регистрирнао во Летонија – 35 проценти, Малта – 30 проценти, Бугарија и Полска по 27 проценти

Поврзани вести

Светска банка предвидува дека оваа земја ја очекува економски раст во 2021 година

Берта Китинска

Од извоз на бонбони земјава лани инкасираше 5,4 милиони долари

Stefanija Kuzmanovska

Ангеловска: Ковид-19 го забрзува растот на е-трговијата