СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши повика да се усвои Законот за задолжување во Светска банка

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја повика опозицијата да не ги кочи законите во Собранието кои значат поддршка за компаниите и за граѓаните. Побара од пратениците што поскоро да го усвојат Законот за задолжување во Светска банка за реализација на проекти за енергетска ефикасност, кој што неколку месеци е блокиран од страна на опозицијата во Собранието.

„Сакам да ги повикам сите пратеници да го усвојат заемот од Светска банка кој што е пратен до Собранието каде што ќе овозможи да се имплементираат проекти од страна на здравствените установи кои се многу важни од страна на општините, но истовремено таму е предвидена и техничка помош за одредени институции во државата. Законот е речиси блокиран од страна на опозицијата, поточно од ВМРО-ДПМНЕ неколку месеци“ кажа министерот Бектеши денеска на прес -конференција на потпишување на договор за проект за улично осветлување во Крива Паланка.

Министерот побара и побрзо да се донесат законите за реализација на мерките од Петтиот сет.

„Што се однесува до законите кои произлегуваат од Петтиот сет мерки јас сум убеден дека ќе бидат поддржани од страна на сите пратеници бидејќи тие се насочени и кон компаниите и кон зачувување на работните места во приватниот сектор и има мерки кои директно влијаат врз загрозените граѓани во нашата држава“ кажа министерот.

Поврзани вести

Еврообврзница: Каматна заштеда од 82,2 милиони евра поради довербата од инвесторите во македонската економија

Влатко Зорба

Лиценцираните туристички агенци ќе може да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“

Берта Китинска

Макстил со донација: Целосно реновирање на Одделот за онкологија на Детска клиника Скопје