СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бензините поскапуваат

Бензините од полноќ поскапуваат за пола денар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство и неделава ќе се продаваат по иста цена, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Литар Еуросупер БС – 95 ќе се точи по 66 денари, а новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 68 денари.

И неделава Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава цена од 56 денари, а не се менува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од 45 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,843 ден/кг.

Поврзани вести

С.Македонија најдобра во регионот според Индексот на економски слободи на „Херитиџ“

Влатко Зорба

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 3,6 отсто

Влатко Зорба

Исплата на паричната помош од социјална и детска заштита од денес, во три групи

Берта Китинска