СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бензинот поскапува, дизелот поевтинува

За половина денар од полноќ поскапуваат бензините, а за исто толку поевтинува дизелот. Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 62 денари за литар.Малопродажната цена на дизелот ќе биде 52,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,351 денари за килограм, во однос на претходно утврдената цена. Така, сега новата цена на мазутот ќе изнесува 25,709 денари за килограм

Од Регулаторната комисија за енергетика информираа дека со новата одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,50 проценти во однос на претходно утврдените.

Поврзани вести

Ниту една економија не може целосно да закрепне сè додека немаме глобален правичен пристап до вакцини, вели премиерот

Влатко Зорба

„Купувам домашно“: Помошта од 6.000 денари ќе треба да се потроши до 25 декември

Берта Китинска

Cosmote TV го реализираше првиот 5G пренос во живо во Грција

Stefanija Kuzmanovska