СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: Инвестициите во ОИЕ ќе имаат влијание врз цените, но и врз ранливите потрошувачи

Марко Бислимоски, директорот на Регулаторната комисија за енергетика, на он-лајн промоција на публикацијата „Правна рамка на електроенергетскиот сектор во Република Северна Македонија и нејзина меѓународна позиција” издадена од страна на група професори од УКИМ/ФЕИТ во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт” изјави дека како земја во изминатиот период имаме многу инвестиции во обновливите енергија, кај фотоволтаични електрани, кои не користат субвенции од државата и тие ја продаваат струјата на слободниот пазар, но секако потребни се дополнителни олеснителни мерки за зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори, како и итно обновување на преносниот систем-мрежата за да се зголемат странските инвестиции во оваа гранка.

ОИЕ ги намалуваат емисиите, но создаваат и проблеми со животната средина

– Обврските кои ги преземавме бараа чекор по чекор да го намалуваме домашното производство на струја од Електраните, а повеќе да се фокусираме на обновливите извори на енергија. ЕСМ како што најави, планира до 2025 еден од блоковите да го замени со природен гас. Треба да бидеме искрени дека инвестициите во обновливите извори ќе си имаат соодветно влијание врз цените, но и врз ранливите потрошувачи, затоа ние како комисија предложивме олеснителни мерки посебно за овие категории до Министерството за економија и МТСП. Напоредно со овој процес треба да се инвестира во енергетска ефикасност, ние не сме богата земја, овие инвестиции треба да бидат помогнати од Владата, појасни Бислимоски.

Поврзани вести

Банките подготвени да понудат поповолни услови за постојните кредити

Битиќи: Новата програма ја креираме заедно со граѓаните

Бензините поскапуваат за денар, без промена на цената на дизелот

Влатко Зорба