20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи нема да присуствува на средбата со НУК

На барањето на Независната угостителска комора за средба со владини претставници беше одговорено потврдно и закажана е утре, петок 29.01.2021 година во 14:30 часот во Свечена сала на Владата на Република Северна Македонија. Утрово го известивме претседателот на НУК, Здравко Јосифовски дека поради неодложни приватни обврски вицепремиерот Битиќи нема да може да присуствува на средбата, но дека истата ќе се одржи со министерот за економија, Крешник Бектеши и претставник од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања,соопштија од Владата.

Во кабинетот на вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши се уште не е пристигнато никакво известување дека средбата се откажува ниту дека претставниците на НУК не сакаат да се сретнат со претставници на Владата, додаваат оттаму.

Поврзани вести

ССМ: Минималната плата да порасне на 60% од просечната

Влатко Зорба

Заев: Во последните 8 месеци потпишавме 48 договори за државна финансиска поддршка за нови инвестиции

Влатко Зорба

ЕЦБ: Банките во еврозоната со 20 милијарди евра во борба против коронакризата

Stefanija Kuzmanovska