20.8 C
Скопје
24 септември, 2023
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Блумберг“: Светот на работ на голема „гасна војна“

Катар, кој е главен снабдувач на течен природен гас во светот, може да започне голема „гасна војна“, како резултат на пониските цени на суровините, поради падот на побарувачката заради корнавирусот и растот на светските залихи по топлата зима, пишува „Блумберг“.

Откако вирусот ги погоди купувачите на гас од Азија и потоа од Европа, каде кралството ги пренасочи своите суровини, Доха се соочи со тежок избор: намалување на производството или намалување на цената на суровините за одржување на побарувачката.

„Намалувањето на производството ќе го погоди приходот на Катар. Покрај тоа, ќе и даде можност на Австралија да и ја одземе на Доха нејзината национална гордост  – статусот на водечки светски снабдувач на течен природен гас“, пишува Блумберг.

Ако Катар одлучи да ја намали цената на суровините со цел да ја зголеми побарувачката и да започне војна, тоа може да доведе производство на гас да биде непрофитабилно дури и за светските производители со ниски трошоци за производство. Во блиска иднина, цената на гасот може да стане негативна, како што беше случај и со нафтата во април 2020 година.

„Катар очекува сигурен пораз, без оглед на стратегијата што ја избраа властите во земјата“, пишува агенцијата.

Според проценките на „Блумберг“, по зголемувањето на побарувачката за гас во Азија, компанијата „Катар Петролеум“ повеќе нема да испраќа течен гас во Европа, со тоа што овој процес може да трае неколку месеци. Големата понуда на светскиот пазар на течен природен гас може да остане во сила до 2025 година, според Меѓународната федерација за гас. Во иднина, земјите што произведуваат гас би можеле да формираат картел, сличен на нафтената организација ОПЕК, со цел регулирање на пазарот.

Поврзани вести

Слободни 5.000 работни места, се бараат работници и во време на епидемијата од коронавирусот

Берта Китинска

Бесими: Скоро сите економии во текот на годината го проширија буџетскиот дефицит

НУК: Владата со новиот пристап на надомест на штетите и загубите поради пандемијата преќутно ги прифати нашите сугестии

Влатко Зорба