СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Деспотовски: Во зоните има позитивен тренд, со дополнителни активности ќе го поттикнеме да продолжи

Во технолошко-индустриските развојни зони во првите три месеци од годинава имаме позитивни движења, позитивен тренд и со наши мерки и дополнителни активности ќе го поттикнуваме тој тренд да продолжи и понатаму и да ни помогне во креирање на дополнителни мерки за поддршка за развој во овој значаен сегмент на националната економија, порача денеска директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски.

Компаниите имаат позитивни економски резултати стабилен број на вработени и раст на платите од два отсто, како и зголемена уплата во државниот буџет, покажува првичната годишна анализа за 2020 година на ТИРЗ, вели Деспотовски.

Како што истакна, бројот на работни места во зоните е стабилен и во 2020 година три компании го задржале истиот број на вработени, 18 регистрирале зголемен број, а девет го намалиле бројот на вработени.

Просечниот број на вработени во зоните во периодот јануари – декември 2020 година е незначително помал во споредба со истиот период од 2019 година, но доколку се споредат бројките вкупниот број на вработени во декември 2020 година е поголем за 0,65 отсто отколку во декември 2019 година.

Посочи дека има тренд на пораст на бруто и нето просечната плата во зоните во последните три години и во споредба со 2018 година, како што рече бруто платата во зоните е зголемена за 12,7 отсто, а нето платата за 5,5 отсто. Во 2019 порастот на бруто платата е 5,4 отсто, а нето платата во 2020 година во услови на пандемија и при стабилен број на вработени пораснала за 1,8 отсто. Деспотовски нагласи дека целта му е растот на платите да продолжи и да биде поинтензивен.

Поврзани вести

Заедничка фабрика на „Џенерал моторс“ и „Ел-Џи“ за производство на батерии за електромобили

Почнува етапна исплата на пензиите во банките

Берта Китинска

НБ: Крипто-средствата не претставуваат законско средство за плаќање во нашата земја

Влатко Зорба