СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Дури 70% од физичките лица кои користат кредити прифатиле одложување на ратите

Одложувањето на плаќањето на кредитите на шест месеци за граѓаните нема да биде бесплатно, туку ќе ги чини пари, доколку донесат одлука да ја искористат можноста која им ја нудат банките поради новонастанатата ситуација со коронавирусот.

Најголел дел од банките веќе ја претставија Јавната понуда за одложување на отплатата по основ на кредитните обврски на своите официјални веб страници.

Според Македонската банкарска асоцијација околу 70 % од кредитокорисниците – физички лица одлучиле да ги прифатат понудите за одложување на наплатата на кредитите, како олеснување на финансискиот товар предизвикан од пандемијата со коронавирусот.

Во однос на правните лица, пак, од Асоциацијата истакнуваат дека понудите се усогласуваат со секој клиент одделно, во зависност од неговите потреби. Во соопштението, МБА потенцира дека банките и штедилниците исто така нудат можност физичките лица коишто ја прифатиле понудата, а во следните месеци ќе сакаат и ќе бидат во можност да продолжат со плаќање на кредитите, да се изземат од понудата.

Од МБА потсетуваат дека барањата за изземање или приклучување кон понудата, во претстојниот период ќе се процесираат индивидуално.

„Секој клиент што ќе има вакво барање ќе треба телефонски или со е-порака да ја контактира банката или штедилницата од којашто користи кредитен производ, за да се договори како да го достави барањето и притоа да биде заштитено неговото здравје“, соопштија од МБА.

Поврзани вести

НБ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 1,25 отсто

Влатко Зорба

Оптимизам кај Владата и експертите за реализација на капиталните инвестиции во пост-ковид периодот

АХВ за четири дена спроведе 277 контроли и изрече 22 мерки

Берта Китинска