СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Хоџа: Се отвора можност за пласман на вишокот тутун во Турција

Министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, денеска во Прилеп оддржаа средба со Сојузот на тутунарски здруженија, на која присуствуваа и дел од откупувачите на тутун.

На средбата е разговаравно за откупот на реколтата 2020 година и изнаоѓање на решенија со кои ќе се надминат проблемите од годинава, воочи престојната сезона.

Тутунопроизводителите изразија загриженост околу откупот на вишокот на тутун, како и ставови на сојузот околу разгледување на предлог правилникот за откуп на тутун и склучувањето на договори со откупните претпријатија за наредната реколта.

„Ги известив тутунарите дека после средбата со министерот за земјоделство на Република Турција, Бекир Пакдемирли, се отвори можност за пласман на тутунот во оваа пријателска земја, со што би се решил откупот на вишокот на тутун оваа година. Секако во исто време продолжуваат разговорите со откупните фирми за откуп на преостанатите количини на тутун. Истовремено ги охрабрив тутунопроизводителите и откупувачите, преку заеднички средби и разговори да дојдат до оптимални решенија пред новата сезона“, истакна Хоџа.

МЗШВ ќе учествува во изготвувањето на сите законски предуслови за една успешна сезона во производството на една стратешка култура, како што е тутунот, додаде тој.

Поврзани вести

Петров: Владата ја користи кризата за транформација на економијата

Влатко Зорба

Продажните цени на производителите на индустриски производи во март се пониски за 1,4 отсто на месечно ниво

Директорката на ММФ: Глобалниот раст во оваа година далеку под минатогодишниот