СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Исплата на паричната помош од социјална и детска заштита од денес, во три групи

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јули.

Почнувајќи од денеска се врши етапна исплата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата се спроведува во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

4 август (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

5 август (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

6 август (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денес, 04 август.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива носот и устата и да одржуваат физичко растојание.

Поврзани вести

Одобрена првата фаза од постапка за доделување договор за јавно приватно партнерство за дистрибутивниот систем на природен гас

Scalefocus отвара нови модерни канцеларии во строгиот центар на Скопје

ФИТР станува првата сертифицирана државна институција со Стандард за спречување на корупција

Влатко Зорба