СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Како влијае работата од дома врз кариерата на жените, а како на мажите?

Пандемијата принуди многумина да работат од дома, но сега се поставува прашањето како тоа се рефлектира врз кариерата на жените, од една, и на мажите, од друга страна.

Истражувањето, што го спроведе Qualtrics, покажува дека 77% од мажите се попродуктивни кога работат од дома заедно со нивните деца, додека тој процент кај жените е помал (46%). Поголемиот дел од мажите (57%) рекле дека работата од дома позитивно влијаела врз нивната кариера, додека само 29% од жените имале потврден одговор по тоа прашање.

Кога станува збор за унапредување, 34% од анкетираните мажи успеале да се искачат скалило погоре во нивната кариера, додека работеле од дома, додека кај жените тој процент е и повеќе од скромен (9%), пренесува Fast Company.

Вкупно 26% од мажите кои работеле од дома успеале да добијат повисока плата за време на пандемијата, додека тоа е случај само кај 13% од жените, кои имаат деца, а работат од дома.

“Бидејќи жените често заработуваат помалку од мажите, жените се принудени да се откажат од кариерата и да се посветат на домот и семејството. Она што е најтешко е што работодавачите сметаат дека жените кои работат од дома се помалку посветени на професијата, што е далеку од вистината“, вели Шенон Гордон, главен извршен директор на Boardlist.

Поврзани вести

Оштетените штедачи од Еуростандард Банка бараат закон за обесштетување

Александар Петровски

Угостителите ќе го вратат старото работно време, доколку состојбата со короната остане стабилна

Влатко Зорба

Три работи кои можете да ги направите со вашите пари, сега додека владее коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska