СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ангеловска: Домашната платежна картичка е инјекција од 28 милиони евра за домашното стопанство

Домашната платежна картичка е инјекција од 28 милиони евра за домашното стопанство. Покрај поддршката кон граѓаните, оваа мерка ќе дејствува како катализатор на економската активност и ќе придонесе за намалување на ударот од Ковид-19 кризата, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Картичката од една страна ја стимулира приватната потрошувачка, која учествува со 65% во БДП. Од друга страна, сите средства се насочени кон македонски производи и услуги, со што се поддржува домашниот производствен и услужен сектор“, вели таа.

Според сценаријата направени во Министерство за финансии, домашната платежна картичка ќе го подобри економскиот резултат на земјава во третото тримесечје за 0,7 – 0,9 процентни поени.

Вакви мерки користат и многу други земји за стимулирање на домашните економии во време на Ковид-19 кризата, како Австрија, Словенија, Кина, Америка …

„За побрзо надминување на кризата и подобри економски резултати, можеме да придонесеме сите – со тоа што ќе одбираме македонски пред останатите производи“, посочи министерката.

Поврзани вести

Г7 вети континуирана фискална поддршка за економиите

Влатко Зорба

Азески: Ако нема владеење на правото, нема ни раст на бизнисот

msp-admin

ПОРАДИ ОБЈАВА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Ирска започна истрага против Фејсбук

Влатко Зорба