СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германскиот производител на камиони МАН најавува отпуштање на 9.500 луѓе

Германскиот производител на камиони и автобуси МАН во петокот објави дека ќе укине до 9.500 работни места во матичната земја и во Австрија со цел да ги намали трошоците и да ја надмине кризата поради коронавирусот.

Отпуштањата треба да ги зголемат приходите на МАН за 1,8 милијарди евра до 2023 година, се вели во изјавата на МАН, член на групацијата Тратон на Фолксваген.

Планот за намалување на трошоците вклучува и реорганизација на мрежата за развој и производство на МАН.

Фабриките во австрискиот град Штајп, како и во Плауен и Витлих во Германија, може да бидат целосно затворени, се вели во соопштението.

Најавата за отпуштање не изненади никого, бидејќи бизнисот на МАН беше оценет како прескап дури и пред кризата со коронавирусот.

Запирањето на производството, нарушувања во глобалните синџири на снабдување и пад на побарувачката за време на пандемијата се очекува да ја чини глобалната автомобилска индустрија милијарди долари оваа година.

Дури и пред пандемијата, МАН предвиде пад на испораките од 10 до 20 проценти оваа година.

Поврзани вести

На кого влијае драстичното зголемување на даноците на претпријатијата во Британија?

Влатко Зорба

Следи најголемото купување на акции во историјата?

Влатко Зорба

Ферари очекува профит од најмалку една милијарда евра во 2020 година

msp-admin