СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Економистите очекуваат по вториот да следи и трет ребаланс на буџетот

По најавите дека наскоро ќе следи второ прекројување на државната каса, дел од експертската јавност вели дека тој ребаланс нема да биде и последниот во 2020 година. Според професорот Марјан Петревски нормално е да има ребаланс на буџетот бидејќи се работи во исклучително неизвесно окружување. Очекувам вели тој, до крајот на годинава да се јави потреба од уште едно прекројување на државната каса.
Со првиот ребаланс, буџетот тежеше 3,95 милијарди евра или 1,4 % повеќе од првичните проценки.

Овој ребеланс е потребен за да се креира новиот четврти по ред сет економски мерки за помош на стопанството како најпогодено од кризата со коронавирусот. Иако нема конректни бројки колку би можела да тежи помошта, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека ќе стане збор за значително голем економски пакет и ќе опфаќа повеќе категории граѓани и сектори а кои претходно не биле дел од антикризните мерки. Од тоа што засега е познато е дека со овие мерки, платежни картички ќе добијат пензионерите кои примаат пензија до 15 000 денари, дел од пасивните баратели работа и самохраните родители.

Дознаваме дека деталите за овој нов пакет мерки ќе се дефинираат на состанокот на економсиот совет закажана за во четврток

Според професорот Петрески новите мерки се нужно потребни како и некои од претходно донесените во потесна таргетирана форма.Особено вели тој, на стопанството му се потребни мерки во сегментот на задржување на вработените а надоместот за невработеност треба да цели кон стимулирање на вработување на оние кои изгубиле работа во летниот период.

Трите сета економски мерки што владата ги донесе за справување со кризата досега чинеа околу 500 милиони евра.

ССМ ја поздрави идејата на вицепремиерот Битиќи, во креирањето на платформа за економски развој на државата, да бидат вклучени синдикатите, коморите и експертите.

-Во изминатиов период особено се истакна важноста синдикатот да биде вклучен во креирање на политиките и мерките на Владата, со оглед на тоа дека како единствен заштитник на работничките права имаме директна комуникација со нашите граѓани, па од таму запознаени сме со сите конкретни проблеми со кои работниците се соочија за време на пандемијата.Од тие причини, вклучувањето на ССМ е есенцијално и само на таков начин во иднина можат да се креираат ефикасни и спроведливи политики и мерки, изјави Дарко Димовски од ССМ.

Дел од приоритетите на кои ќе работи економскиот тим на Владата се зачувување на секое работно место, создавање развојна и одржлива економија, намалување на сиромаштијата под 16% , едноцифрен број на невработеност и економски раст од 4%.

Калина В. Стојановска

Поврзани вести

Богдановиќ: Со новите ДУП-ови во Центар зачувани се над 13.000 метри квадратни парковско зеленило

Влатко Зорба

„Купувам домашно“: Граѓаните ги полнат торбите со македонски производи

Бектеши: Дополниелните мерки се со цел да ја зголемиме конкурентноста на нашите компании

Влатко Зорба