СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Коронавирусот ги намалил приходите на општините за 18 отсто

Приходите на општините во првите три квартали од 2020 година се намалиле за 18 отсто споредено со 2019 година во истиот период, и се пониски за 24,6 милиони евра, покажува студијата на Центарот за економски анализи (ЦЕА) во која се дава преглед на импликациите врз јавните финансии на единиците на локалната самоуправа во првите три квартали од 2020 година.

Падот на приходите е предизвикан од пад на прибраните приходи од даноци на имот, даноци од специфични услуги и вршење на дејност.

„Општините беа и сè уште се сведоци на финансиските потешкотии при обидот да одговорат на итните потреби на граѓаните, а истовремено да обезбедат континуитет во давањето на услуги на граѓаните во кризни ситуации“, се вели во студијата.

Додаваат дека и покрај ефектите од Ковид-19 врз финансиите на општините, кумулативно за сите 81 единици на локалната самоправа нема дополнителна потреба за задолжување поради значителните заштеди од нереализираните капиталните расходи од капиталните планови на општините.

Целиот извештај на следниот линк!

Поврзани вести

ССМ и КСС: Исклучително важен е заедничкиот настап при подготовка на новиот Закон за работни односи

Влатко Зорба

ГЕН-И започнува со изградба на својата прва соларна постројка од поголеми размери

Stefanija Kuzmanovska

Бајчевски, СУТКОЗ: Работодавачите да почнат да го ценат фактот дека Владата речиси цела година ја покри со пакети мерки

Влатко Зорба