СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Македонските граѓани заштедиле 205 милиони евра за време на ковид-кризата

Во услови на најголема економска криза поради пандемијата со Ковид-19, граѓаните на Северна Македонија успеале да заштедат дополнителни 205 милиони евра. Така вкупните депозити до декември лани достигнаа 7 милијарди евра, од кои 4 милијарди 637 милиони евра се заштеди на граѓаните во банките, соопшти денеска Народната Банка.

Само година претходно, во 2019 година на штедните книшки на граѓаните имало 4 милијарди 432 милиони евра или 205 милиони евра помалку.

За истиот период пак и компаниите штеделе, кај нив имало плус 183 милиони евра во однос на 2019.

Податоците на НБРСМ покажуваат и дека за време на пандемијата граѓаните се повеќе и се задолжувале.

Вкупните кредити достигнале 5,8 милијарди евра, од кои 3 милијарди евра се кредити на домаќинствата. Тие во однос на 2019 година, пораснале за 224 милиони евра.

Поврзани вести

Работниците се потребни и по завршување на кризата, апел да внимаваат што потпишуваат

Макрадули и Сугарески најавија поврзување на Пошта и Царина во еден систем за дигитализација на постапките

Влатко Зорба

Слободни 5.000 работни места, се бараат работници и во време на епидемијата од коронавирусот

Берта Китинска