Стандард
ЕКОНОМИЈА

Најголем пад во декември имаа акциите на „Макстил“

Прометот на Македонска берза во декември се позиционираше на 496.930.924 денари или 58,65% повеќе во однос на претходниот месец, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза.

Пазарната капитализација во последниот месец од 2020 година беше 183.150.945.751 денар или 1,46% повеќе во споредба со ноември. Скок од 20,15% има кај вкупниот број на трансакции (1.437), додека индексот МБИ 10 се позиционираше на 4.704,85 поени, што е месечен пораст од 5,07%.

Пет најтргувани акции на официјалниот пазар на Македонска берза се оние на: Комерцијална банка, Макпетрол, Алкалоид, НЛБ Банка и Гранит.

Најголем пораст на официјалниот пазар на берзата имаа акциите на: БИМ Свети Николе (21,78%), ДС Смитх (20,30%), ЗК Пелагонија Битола (13,22%), Македонијатурист (12,62%) и Европа (10,03%).

Најголем пад во декември имаа акциите на: Макстил (-8,86%), Цементарница Усје (-8,77%), Бетон (-8,31%), Витаминка од Прилеп (-5,90%) и Хотели Метропол (-5,66%).

Поврзани вести

Бензините поевтинуваат за еден денар, а дизелот за денар и пол

Александар Петровски

Бектеши: Потпишана предлог одлуката за раскинување на договорот за рудникот „Иловица“

msp-admin

Концептот парите назад кај граѓаните и натаму останува еден од главните приоритети на СДСМ

error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!