СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат дизелот и бензините

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,67 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 30.03.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 48,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-95, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 50,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар за литар и ќе изнесува 45,00 ден/лит.

Намалување има и кај малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,50 денари/литар и ќе изнесува 33,50 ден/лит.

Поврзани вести

МЗШВ: Досега се откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм

Битиќи: Отвораме стратешки прашања со коморите кои не се отворени повеќе од 10 години

Влатко Зорба

Тасева: Најсигурна егзистенција нудат вработувањата во државната администрација

Берта Китинска